Седум организации добија грантови од фондот „Зелена искра“

Акција Здруженска ги избра осумте организации што ќе добијат финансиска поддршка во рамките на првиот јавен повик на фондот „Зелена искра“. Преку поддржаните иницијативи, организациите ќе работат на заштита на животната средина, зајакнување на улогата на жените и девојките во локалните заедници и поттикнување на солидарноста и еколошката правда.

Избраните иницијативи опфаќаат различни аспекти на зелената трансформација, од подигање на еколошката свест и промовирање одржливи практики, до поголемо учество на жените и младите во справувањето со еколошките предизвици и создавањето позитивни промени во нивните заедници. Меѓу добитниците на грантови е Организација Жена од Делчево, со проектот „Женски глас за зелена заедница“, како и Хуманитарното здружение Мајка од Куманово, со иницијативата „Здравје од природата“. Поддршка доби и ЛАГ Агро Лидер ќе го реализира проектот „Жените од руралните средини предводнички на заедницата преку компостирање“. Меѓу грантистите е и ОЖ Женско лоби, со проектот „Зелени гласови – жените и младите за еколошка правда во руралните заедници“, како и Организацијата на жените од општина Свети Николе (ОЖО), која ќе ја спроведува иницијативата „Девојките ја будат зелената промена“. Организацијата на жени од Струмица доби поддршка за проектот „Гласот на девојките за чист воздух“, а меѓу избраните организации е и Иницијативата на граѓански организации ИГИ од Гостивар.

Фондот „Зелена искра“ (The Green Spark Fund) е основан во 2026 година како заедничка иницијатива на три женски фондови: Акција Здруженска од Македонија, Екуменска иницијатива на жени од Хрватска и Реконструкција Женски фонд од Србија. Преку финансиска поддршка, едукација, размена на искуства и вмрежување, фондот поддржува организации и иницијативи што ги поврзуваат заштитата на животната средина, родовата еднаквост и изградбата на мирот. Во основата на оваа иницијатива е препознавањето дека климатските промени и еколошките проблеми имаат различни последици врз различни општествени групи, особено врз жените кои се соочуваат со дискриминација, сиромаштија и социјална исклученост. Поддржаните иницијативи се предвидени за реализација во периодот од декември 2026 до септември 2027 година, со времетраење од најмногу девет месеци.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.