Жените од Ораовица и Злеово се запознаа со е-услугите на општина Радовиш

Во организација на „Женска акција“ – Радовиш, во рамки на проектот „Зајакнување на жените за користење на општински е-услуги“, вчера жените од Ораовица и Злеово имаа можност да се запознаат со електронските услуги што ги нуди општина Радовиш. Преку практични презентации и објаснувања, учесничките се стекнаа со знаења за полесно користење на електронските услуги и […]

Пред општинските власти презентирани приоритетните проблеми во 8 кумановски заедници

Во просториите на општина Куманово неодамна беа презентирани приоритетните проблеми и потреби детектирани од жените од осум рурални и приградски заедници: Перо Чичо, Карпош, Тромеѓа, Табановце, Романовце, Пчиња, Иго Тричковиќ и Биљановце. Преку работата на женските кружоци, жените ги идентификуваа најитните предизвици со кои секојдневно се соочуваат во своите заедници. Меѓу клучните проблеми беа посочени […]

Жени од Лубница и Конче учеа како да користат е-услуги

Во организација на Женска акција од Радовиш, жени од селата Лубница и Конче, учествуваа на обука за користење на општинските е-услуги што ги нуди општината Конче. Преку практични сесии, учесничките имаа можност да се запознаат со дигиталните услуги и начините за нивно користење, за да може да имаат полесен пристап до општинските сервиси. Обуките се […]

Повик за финансиска поддршка и Апликацијата за проектна финансиска поддршка

Ги повикуваме локалните женски организации да се приклучат во нашиот Женски кружок и да станат дел од мрежа што зајакнува, мобилизира и влијае врз локалните одлуки. Поддршката се доделува во рамки на Фондот за поддршка на локалниот женски активизам, финансиран од The Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска. Рок за аплицирање: 12.01.2026 [email protected] Повик за […]

Жените од локалните заедници првпат влегоа во Собранието: Локалните проблеми мора да станат државен приоритет

Активистки од локални заедници, претставнички на женски организации и пратенички, неодамна одржаа заедничка средба во Собранието, на која жените за прв пат официјално ги презентираа своите барања пред народните избранички. Средбата, која ја организираше The Кvinna Till Kvinna Foundation, Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Акција Здруженска“ – Скопје, како и Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово, се […]

Жени-активистки за прв пат учествуваа и дадоа свој придонес на буџетски форум во Пехчево

На 24 ноември, за прв пат, жени од рурални и маргинализирани заедници имаа свое место и глас на буџетскиот форум во општина Пехчево. Нивното учество е важен чекор кон зголемена видливост, еднаквост и вклученост во процесите на донесување одлуки. Организацијата Жена од Делчево продолжува да се залага за поддршка, застапување и активно учество на жените […]

Теренска едукација за жените од руралните заедници на Центар Жупа

Во организација на Радика Де, во рамките на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, неодамна беше реализирана теренска едукација за жените од руралните заедници на Центар Жупа. Жените активно учествуваа во едукативни сесии, дискусии и разменија лични искуства, со цел да го поттикнат нивното активно вклучување во заедницата. Темите што беа обработени опфатија пет […]

„Вткаена женска визија“: Жените од локалните заедници се омоќуваат преку креативност

Во рамки на кампањата „Вткаена женска визија, летово, повеќе од 80 жени од руралните и приградските заедници учествуваа на локални средби на вмрежување, на кои создаваа уникатни рачно изработени креации. Оваа иницијатива оди и подалеку од креативноста, затоа што ги омоќува жените и ги засилува нивните гласови. Секоја рачно изработена креација, одразува лична приказна и […]

Жените во Лозово ги дефинираат реалните потреби и решенија за локален развој

Во Лозово денес се одржа состанок со фокус-група, составена од локални жени, организирана како структурирана дискусија, за да се добијат квалитетни податоци за нивните социо-економски потреби и да се види колку се запознаени со постојните мерки за поддршка. Учесничките ги споделија своите искуства, но и предложија нови решенија што би одговориле на реалните потреби на […]

Од локално на национално ниво: Кога жените зборуваат, институциите слушаат

Во изминатиот период, на три локации – во Карпош, Велес и во Штип, беа одржани работилници за градење капацитети за национално застапување, посветени на јакнење на женските гласови во јавните политики. Работилниците беа организирани од Акција Здруженска, The Kvinna till Kvinna Foundation и Хуманитарното здружение Мајка – Куманово, во соработка со повеќе локални женски организации. […]

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.