Жените од „Радика-Де“ и ГИЖ Свети Николе на работилница за национално делување

Жените од партнерските организации, Здружението „Радика-Де“ и Граѓанска иницијатива на жени – ГИЖ Свети Николе, во Скопје учествуваа на едукативна работилница за градење на капацитетите, во организација на Акција Здруженска, The Kvinna till Kvinna Foundation и Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово. На работилницата жените дискутираа за јавни политики, ги препознаваа институционалните празнини и потреби и […]

Катерина Селамовска на Летната школа „Жени, мир и безбедност 2025“

Катерина Селамовска од Акција Здруженска, беше избрана меѓу повеќе од 5.000 апликанти за учество на престижната Летна школа „Жени, мир и безбедност 2025“, што се одржа од 22 до 26 септември во Сараево, Босна и Херцеговина. Програмата, организирана од Универзитетот во Сараево – Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии, со поддршка на ОН, имаше […]

Марија Савовска на форумот MARUF x Forum of Women Mayors во Истанбул: Инвестирањето во жените значи подобар живот за сите

Извршната директорка на Акција Здруженска, Марија Савовска, се обрати на сесијата „Паметно финансирање за еднаквост: Напредување кон правични и инклузивни можности“, што се одржа на 2 октомври во Истанбул, во рамки на MARUF x Forum of Women Mayors in South-East Europe. Сесијата, организирана во соработка со NALAS и UN Women, беше фокусирана на тоа како […]

Идеи за подобар живот во Милино предложија жените од селото

Во организација на граѓанската иницијатива на жени – ГИЖ Свети Николе, во село Милино,  општина Лозово, на 28 јули се одржа работилница на жените од локалната заедница, на која тие имаа можност да се запознаат со достапните социо-еконоски мерки и можности за поддршка во руралните средини. Жените дискутираа за начините на пристап до поддршка на […]

Жителките на Разловци предлoжија решенија за предизвиците со кои се соочуваат

Кои се вистинските проблеми на жените во Разловци и кои се приоритетите што мора да се решат со поддршка од општината? На овие теми, на 7 август дискутираа жените од Разловци и ги анализираа секојдневните предизвици со кои се соочуваат. По анализата на предизвиците, тие истите ги претворија во конкретни предлози за локални политики: јасни, […]

Во Дорфулија претставени можностите за поддршка на жените

Женски активизам во Дорфулија

На 30 јули, претставнички на Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе, одржаа средба во село Дорфулија, општина Лозово, со жени од локалните женски кружоци. Жените од Дорфулија имаа можност да се запознаат со достапните социо-еконоски мерки и можности за поддршка во руралните средини. На средбата беше дискутирано за начините на пристап за поддршка на […]

Локални жени од Каратманово обучени за примена на социо-економски мерки

Локални жени

На 29.07.2025 година во Каратманово, општина Лозово се одржа работилница со локални жени од рурална средина, посветена на запознавање со постојните социо-економските мерки и нивна примена во секојдневниот живот. Жените активно дискутираа за можностите што ги нудат овие мерки но и за потребите и предизвиците со кои се соочуваат. Во текот на работилницата беа предложени […]

Седма годишна средба на Женски кружок

Женски кружок

Осумдесет и три жени од 55 рурални и урбани заедници и 12 партнерски женски организации, во периодот од 4 до 6 јули беа дел од годишниот Женски кружок во Струга, кој се одржа седми пат по ред. Под мотото „Вткаена женска визија“, целта на годинашната средба беше градењето заедништво, преку изработка на креации со пораки и […]

Жените од Црник учеа како здружени да создаваат промени

Женски активизам во село Црник

Во организација на организацијата „Жена“ од Делчево, на 19 јули се одржа инспиративна работилница во селото Црник, општина Пехчево, со група жени. Работилницата се одржа под мотото „Заеднички кон подобро локално управување“. На средбата беше разговарано за предизвиците и можностите во селото Црник, како и за зајакнувањето на жените во локалниот развој. Освен тоа, жените […]

Жените од Разловци се активираат: Заеднички кон подобро локално управување

Жените од Разловци

Во село Разловци, Делчево, Организацијата на жени во Делчево одржа едукативна работилница на која присуствуваа жени во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“. Целта на работилницата беше да се информираат, охрабрат и поврзат жените за поактивно учество во донесувањето локални одлуки. На работилницата се дискутираше за тоа, што точно работи Општина Делчево и кои се нејзините надлежности – како образование, патишта, […]