Спроведена е теренска кампања Жените Буџетираат!

Од 11 – 22 март, 407 жени од Струмица , Кавадарци , Радовиш , Карпош и Центар го прекројуваа општинскиот буџет, во рамки на теренската кампања Жените Буџетираат!, реализирана во рамките на проектот Застапување на Родово инклузивни локални буџети. Целта на кампањата е да го поттикне интересот на жените од заедницата за прашањата поврзани со […]

Средба за планирање на мониторинг тимовите

На 25 февруари 2017 во просториите на Акција Здруженска, 11 претставнички на организациите вклучени во проектот Застапување на Родово инклузивни локални буџети се вклучија во подготовките за мартовската кампања „Жените буџетираат“ и партиципативното истражување за потребите и приоритетите за финансирање на жените од локалните заедници. На подготвителната средба се запознаа со природата, контекстите и пристапите […]

Тримодуларна програма за обука на тема „Родот во буџетското планирање”

Во текот на месец октомври и ноември 2016 година е спроведена тримодуларна обука „Родот во буџетското планирање“ наменета за избраните мониторки и локални асистентки вклучени во програмата за зајакнување на капацитетите на 4 локални женски организации: Организација на жени – Струмица; Асоцијација за унапредување за статусот на жената во Македонија „Женска Акција“- Радовиш; Здружение на […]

Прекугранична мрежа за соработка за родова еднаквост Македонија – Косово

Во рамки на двегодишниот проект „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“ воспоставена е прекуграничната мрежа од 14 организации од Македонија и Косово кои ја изразија својата посветеност за продолжување на прекуграничната соработка преку воспоставување и понатамошен развој на прекуграничната мрежа за соработка за унапредување на родовата еднаквост. Проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, поддржан од ЕУ […]

Завршен настан на проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“

На 22 ноември 2016 во Јавна Соба во Скопје се одржа завршен настан на проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“ на кој се воспостави Прекуграничната мрежа за унапредување на родовата еднаквост меѓу Македонија и Косово. Пред присутните, беше промовирана Декларацијата за заложба на 14 организации од Македонија и Косово кои ја изразија својата посветеност за […]

Втора регионалана конференција „Достигнувања и предизвици на родово балансираните политики во Косово„

На 18 ноември 2016 во Приштина Косово се одржа втората регионална конференција „Достигнувања и предизвици на родово балансираните политики во Косово„ во организација на Косовскиот центар за родови студии – Приштина. На настанот учествуваше Македонска делегација од 15 претставнички од национални женски мрежи и локални граѓански организации предводена од Акција Здруженска. Од македонската делегација на […]

ПЛАНЕР: ШТО (ЌЕ) НАПРАВИ ОПШТИНАТА ЗА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ ГОДИНАВА?

Планер наменет за единиците на локалната самоуправа со цел да овозможи поефикасна примена на обврската за унапредување на еднаквите можности на жените и мажите. Планерот претставува едноставна информативно – едукативна алатка чија основна функција е да им помогне на општинските власти да ги интензивираат напорите поврзани со планирањето, следењето, оценувањето и известувањето за активностите превземени […]

Одржана регионална конференција „Промовирање на вредностите на родовата еднаквост: Граѓанско општество за општествени промени„

На иста маса 58 активстки, претставници на клучните меѓународни актери, локални и национални институции на конференцијата организирана од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска, на 28 септември 2016 во Скопје го отворија прашањето за состојбите со родовата еднаквост и положбата на жената во нашето општество и ги преиспитаа потенцијалите на тековните политики со […]

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО на локални женски организации во реализација на Програма за зајакнување на капацитетите во рамките на проектот „Застапување на родово инклузивни локални буџети“

Проектот „Застапување на родово инклузивни локални буџети“, е поддржан од Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска. Општата цел на проектот е унапредување на третманот на родовите прашања […]

„НЕВИДЛИВИ ЖЕНИ“ – Изложба на фотографии 08.07.2016, Јавна Соба

Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска на 08.07.2016 во просториите на Јавна Соба во Скопје ја отвори изложбата на фотографии „Невидливи жени“, одбележувајќи го на тој начин завршувањето на проектот „Родовата рамноправност во локалните буџети“. Станува збор за изложба на 23 фотографии направени за време на теренската кампања „Жените буџетираат“ во рамки на […]

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.