Одржани шест средби за промоција на резултатите од буџетскиот мониторинг
Акција Здруженска во партнерство со локални женски организации од шест македонски општини, во периодот јуни 2015 – јануари 2016 спроведе мониторинг на клучните фази на локалниот циклус на подготовка и усвојување на годишните програми и буџетот низ призма на родот и родово одговорното буџетирање. Со мониторингот беа опфатени општините Битола, Свети Николе, Куманово, Тетово, Гостивар […]
Акција Здруженска на две студиски посети во Косово организирани од грантистите Женски Форум одТетово и Центар за женски права Етика од Гостивар
Акција Здруженска учествување на две студиски посети во Косово организирани во рамки на проектите поддржани преку проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, финансиран од ЕУ во рамките на ИПА инструментот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово, а спроведуван од Акција Здруженска – Скопје и Институт за развој на заедницата – Тетово. Првата студиска посета […]
Одржан петтиот модул „Родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ„
Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска-Скопје во партнерство со Институтот за развој на заедницата од Тетово, на 31.05.2016 во Хотел Лирак Тетово организираа еднодневна обука на тема „Родовата еднаквост во пристапувањето кон ЕУ “. Обуката се реализира во рамките на Проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, поддржан од ЕУ во рамките на ИПА […]
Одржана работилница за изработка за извештаи од следење во рамки на проектот „Родова рамноправност во локалните буџети“
Вкупно 9 женски активистки и истражувачки, претставнички на женски организации од пет македонски општини (Битола, Гостивар, Тетово, Дебар, Свети Николе) вклучени во проектот „Родова рамноправност во локалните буџети“, беа дел од тридневната работилница организирана од Акција Здруженска за проценка на прибраните материјали и финализирање на извештаите од следењето на работата на општините во процесот на […]
Одржана тркалезна маса „Економските можности за жените на локално ниво: потенцијали и пристапи за унапредување на локалните политики и практики“
34 активистки, истражувачки и претставнички на локалните власти од Македонија и Косово, на тркалезна маса организирана од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска на 27 април 2016 во хотел Солун во Скопје, дебатираа за состојбата и клучните предизвици за жените на пазарот на трудот, како и за можните правци и стратегии на дејствување […]
Реализирана менторска програма на тема Родот во буџетското планирање
Во рамки на проектот „Родова рамноправност во локалните буџети“ беше предвидено зајакнување на знаењата и вештините на претставнички на женски НВО од различни општини за следење и застапување на специфични потреби на жените во буџетскиот процес на локалната самоуправа. Целта беше исто така да се обезбедат релевантни информации за приоритетите и потребите изразени од самите […]
Одржани 12 фокус групи во 6 македонски општини
Акција Здруженска во рамки на проектот Родова рамноправност во локалните буџети во мај 2015 одржа вкупно дванаесет фокус групи во Битола, Куманово, Свети Николе, Дебар, Тетово и Гостивар. На фокус групите присуствуваа вкупно 128 жени од различен профил, од урбана и рурална средина, од различна возраст, различен образовен профил и социјален статус. Фокус групите беа […]
КАМПАЊА „ЖЕНИТЕ БУЏЕТИРААТ“
11 март – 06 април 2016 „Жените буџетираат“ е теренска кампања на Акција Здруженска одржана во шест градови низ Македонија, чија цел е будењето на интересот на локалните жени за јавните финансии и општинските одлучувачки процеси. Кампањата започна на 11 март во Дебар, а следеа градовите Гостивар, Тетово, Свети Николе, Битола и Куманово. Настанот во […]
Обука за следење на спроведувањето на законските обврски на локалната самоуправа за унапредување на родовата еднаквост
Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска-Скопје во партнерство со Институтот за развој на заедницата од Тетово, на 05.02.2016 (петок) во Хотел Лирак Тетово организираат еднодневна обука на тема „Следење на спроведувањето на законските обврски на локалната самоуправа за унапредување на родовата еднаквост“. Обуката се реализира во рамките на Проектот „Меѓугранична еднаквост и родова […]
Обука за застапување на родовата еднаквост во локалните политики
Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска-Скопје во партнерство со Институтот за развој на заедницата од Тетово, на 28.01.2016 (четврток) во Хотел Лирак Тетово одржаа еднодневна обука на тема „Застапување на родовата еднаквост во локалните политики“. Обуката се реализираше во рамките на Проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, поддржан од ЕУ во рамките на […]