Теренска едукација за жените од руралните заедници на Центар Жупа

Во организација на Радика Де, во рамките на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, неодамна беше реализирана теренска едукација за жените од руралните заедници на Центар Жупа. Жените активно учествуваа во едукативни сесии, дискусии и разменија лични искуства, со цел да го поттикнат нивното активно вклучување во заедницата. Темите што беа обработени опфатија пет […]
„Вткаена женска визија“: Жените од локалните заедници се омоќуваат преку креативност

Во рамки на кампањата „Вткаена женска визија, летово, повеќе од 80 жени од руралните и приградските заедници учествуваа на локални средби на вмрежување, на кои создаваа уникатни рачно изработени креации. Оваа иницијатива оди и подалеку од креативноста, затоа што ги омоќува жените и ги засилува нивните гласови. Секоја рачно изработена креација, одразува лична приказна и […]
Жените во Лозово ги дефинираат реалните потреби и решенија за локален развој

Во Лозово денес се одржа состанок со фокус-група, составена од локални жени, организирана како структурирана дискусија, за да се добијат квалитетни податоци за нивните социо-економски потреби и да се види колку се запознаени со постојните мерки за поддршка. Учесничките ги споделија своите искуства, но и предложија нови решенија што би одговориле на реалните потреби на […]
Од локално на национално ниво: Кога жените зборуваат, институциите слушаат

Во изминатиот период, на три локации – во Карпош, Велес и во Штип, беа одржани работилници за градење капацитети за национално застапување, посветени на јакнење на женските гласови во јавните политики. Работилниците беа организирани од Акција Здруженска, The Kvinna till Kvinna Foundation и Хуманитарното здружение Мајка – Куманово, во соработка со повеќе локални женски организации. […]
Работилница за фасилитација и лидерство: Жените се двигатели на промени во заедницата

Организацијата „Жена“ од Делчево реализираше работилница за фасилитација и лидерство, насочена кон јакнење на капацитетите на жените за активно учество и водство во нивните заедници. Преку интерактивна работа и практични вежби базирани на реални сценарија, учесничките учеа како ефективно да водат дискусии и состаноци, да поставуваат јасни и насочувачки прашања, да градат доверба во групата […]
Жените од Пеширово се информираа за пристапот до мерките за поддршка

На 18 ноември во Пеширово, Граѓанската иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе, како дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, одржа средба со жените од Пеширово. Целта на активноста беше жителките да се добијат информации за социо-економските мерки, зборуваа за нивните потреби, а се информираа и за пристапот до поддршка и поттикнување. […]
Жените учеа како да влијаат врз јавните политики: Oдржана работилница за женско застапување во Велес

Во хотел „Глориус“ во Велес, на 14 и на 15 ноември се одржа дводневна работилница за градење на капацитетите за национално застапување, наменета за субгрантисти и активистки. Активностите во рамки на работилницата помогнаа жените да ги зајакнат знаењата и вештините за ефективно застапување во јавните политики, со посебен фокус на еднаквоста и правата на жените. […]
Жените од Тработивиште ги истакнаа приоритетите и решенијата за подобра заедницa

На 3 ноември, Организацијата „Жена“ од Делчево одржа работилница со жени-активистки од село Тработивиште, на тема „Приоритети, проблеми и можни решенија за село Тработивиште“. Во отворена и инспиративна дискусија, жените ги идентификуваа главните предизвици со кои се соочуваат во заедницата и заеднички размислуваа и споделија конкретни чекори кон нивно решавање. Со оваа средба се заокружија […]
Акција Здруженска го сподели своето искуство во градење женско лидерство со учесничките на „Лидерската програма“ на Kvinna till Kvinna

Соња Хаџи-Николов од Акција Здруженска, се сретна со со учесничките на „Лидерската програма“ што ја спроведува канцеларијата на The Kvinna till Kvinna во Стокхолм, која е наменета за поддршка и развој на млади жени со миграциско потекло во Шведска. На средбата, таа ги запозна учесничките со долгогодишното искуство и експертизата на организацијата во градење женско […]
Платформата за родова еднаквост реагира на сексистичкото известување за случајот со студентката од Косово

Платформата за родова еднаквост, од која дел е и Акција Здруженска, изразува длабока загриженост за начинот на кој дел од медиумите известуваа за трагичниот случај со младата студентка од Косово, пронајдена мртва во Тетово на 5 ноември. Наместо професионално и одговорно известување, усогласено со етичките стандарди и родово-сензитивните принципи, сведоци сме на објави кои користат […]