Жените од Тработивиште ги истакнаа приоритетите и решенијата за подобра заедницa

На 3 ноември, Организацијата „Жена“ од Делчево одржа работилница со жени-активистки од село Тработивиште, на тема „Приоритети, проблеми и можни решенија за село Тработивиште“.

Во отворена и инспиративна дискусија, жените ги идентификуваа главните предизвици со кои се соочуваат во заедницата и заеднички размислуваа и споделија конкретни чекори кон нивно решавање.

Со оваа средба се заокружија теренските активности за идентификување на потребите и предизвиците на жените од ова населено место.

Оваа активност е дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, што го спроведува Акција Здруженска во соработка со The Kvinna till Kvinna Foundation, Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Хуманитарното здружение Мајка – Куманово.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.