Работилници за апликанти на отворен повик во Прилеп и во Делчево

Во просториите на организацијата „Жена“ во Делчево, на 21 јануари, се одржа воведна работилница како дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, финансиран од Делегацијата на Европската Унија, а ко-финансиран од Шведска.

Овие активности се дел од втората фаза, во која пред селектираната организација добива обука за спроведување методологии за теренска акција, развиена од Акција Здруженска.

Два дена подоцна, на 23 јануари, се одржа втората воведна работилница за апликанти на отворен повик во просториите на организацијата ЛАГ Агро Лидер во Прилеп, во  рамки на истиот проект.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.