Јакнење на капацитетите на жените од теренската мрежа преку работилница со Женскиот кружок Сачево

Жените од теренската мрежа на Организација на жени од Струмица учествуваа на работилница со Женскиот кружок „Сачево“, каде што се изработуваа планови за самостојно планирање, организирање и спроведување активности.

Оваа активност е прв чекор во спроведувањето на пилот моделот насочен кон оспособување на соработничките од теренската мрежа за преземање иницијативи и успешно извршување на задачи во своите заедници.

Преку практична работа, размена на идеи и заедничко планирање, учесничките стекнаа нови знаења и вештини кои ќе им помогнат да бидат поактивни чинители на локално ниво.

„Веруваме дека вложувањето во жените е вложување во посилни и поактивни заедници“, велат од организацијата.

Активноста е дел од годишната програма на Организација на жени од Струмица и е финансиски поддржана со институционален грант од Акција Здруженска.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.