Во селото Бањиште, Дебарски Бањи, се одржа Пролетен базар на кој учествуваа жени од повеќе рурални средини од општините Дебар и Центар Жупа. Посетителите имаа можност да ги разгледаат и да купат производи изложени на бројните штандови, меѓу кои ракотворби, домашно подготвени џемови, слатка и сокови од шумски плодови, различни видови билки и чаеви, како и други традиционални производи создадени со многу труд, знаење и љубов. Настанот има за цел да го поттикне економското јакнење на жените од руралните средини, да ги промовира нивните вештини и производи, како и да придонесе за развој и зајакнување на локалните заедници преку поддршка на женското претприемништво.




