На 30 април, во селото Дебреште, прилепско, ,,Акција Здруженска” реализираше активности во рамки на работилницата за инструктажа на аниматорки од селата Воѓани, Бела Црква, Дебреште и Бучин.
Нови активистки на организацијата ЛАГ Агро Лидер, градеа план за испитување на женската заедница во местата во кои живеат и тие за прв пат ќе ја спроведуваат теренската методологија која ја разви ,,Акција Здруженска”.
Жените учеа зошто е важно женското учество во локалните процеси на планирање и носење одлуки. Иста ваква работилница се одржа и во Делчево на 12 и на 13 април, во просториите на Организацијата ,,Жена”.