Улични акции во Росоман, Градско и во Демир Капија

Во рамките на регионалната кампања за јавно застапување „Жените од заедницата бараат…“, a во организација на Женско Лоби Демир Капија, жените од руралните средини во општините Градско, Демир Капија и Росоман учествуваа во улични акции, со цел да се истакне потребата од поголема транспарентност, отчетност и вклучување на жените во креирањето на локалните политики.

Акциите се дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, кој е финансиски поддржан од Европската Унија, ко-финансиран од амбасадата на Шведска, а имплементиран од The Kvinna till Kvinna Foundation во партнерство со Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска и Хуманитарното здружение Мајка од Куманово.

Активностите имаат за цел да ги истакнат барањата на жените од руралните заедници и да ја зајакнат нивната улога во процесите на донесување одлуки на локално ниво.