„Цветен круг“ – женски базар што ја слави креативноста и силата на руралните жени

Во организација на ЛАГ Агро Лидер, неодамна се одржа настан „Цветен круг“, кој ги обедини креативноста, традицијата и енергијата на жените од руралните средини, нудејќи им простор за промоција и економска афирмација. Преку изложба и продажба на рачно изработени производи инспирирани од цвеќе – венци, сувенири, свеќи, везови, природна козметика и декоративни цветни аранжмани, учесничките ја претставуваат својата работа пред пошироката јавност.

Покрај продажниот карактер, базарот има и подлабока општествена улога. „Цветен круг“ претставува место за поврзување, размена на искуства и поттикнување дијалог, каде што женскиот глас добива поголема видливост и значење во заедницата. Организаторите упатуваат повик до граѓаните да ја поддржат локалната креативност и женското претприемништво, истакнувајќи дека ваквите иницијативи се важен чекор кон економско зајакнување на жените од руралните средини.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.