ВИДЕО: Жените од Тиквешијата бараат поголема улога во локалното одлучување

Жените од регионот, предводени од Организацијата на жени „Женско Лоби“ од Демир Капија, упатија порака за поголема вклученост во процесите на донесување одлуки кои ги засегаат сите граѓани.

Во рамките на кампањата за јавно застапување „Жените од заедницата бараат…“, беа реализирани улични акции во Демир Капија, Градско и Росоман. Преку овие активности, организаторите имаа за цел да ја подигнат свеста за потребата од поголемо учество на жените во креирањето локални политики и носењето одлуки.

Организаторите потенцираат дека ваквите иницијативи се клучни за зајакнување на улогата на жените во јавниот живот и за создавање поинклузивни и одговорни локални заедници.

Активноста е организирана од Организацијата на жени „Женско Лоби“ – Демир Капија и претставува дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија, ко-финансиран од Амбасадата на Шведска, а го спроведува The Kvinna till Kvinna Foundation во партнерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска и Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово.