Воведна работилница за партнерските организации и аниматорки вклучени во проектот„Активни жени отчетни власти“

Дводневниот настан се одржа од 30 јуни – 01 јули 2018 во Хотел Туто, село Јанче, со присуство на партнерските организации Радика Де, ГИЖ Свети Николе, ОЖ Струмица и избраните аниматорки од заедниците Добрејци, Мустафино и Дебар во населбите Тикварци и Будилец.

Целта на работилницата беше запознавање на локалените ресурсни тимовите за теми кои се релевантни за учеството на жените во локалното програмирање и буџетирање, размена на претходни искуства и применети методологии за подобрување на учеството на жените. Детални упатства за имплементација на проектната методологија беа исто така една од целите на работилницата, а воедно беа обезбедени ресурсни материјали кои се релевантни за ефикасно спроведување на планираните активности.

Оваа активност се реализира во рамки на проектот „Активни жени отчетни власти“ кој е финансиски поддржан од Фондацијата Kvinna Till Kvinna.

[envira-gallery id=”3768″]