Втора координативна средба на организациите вклучени во проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”

На 03 април 2018 година се одржа втората редовна координативна средба на организациите вклучени во реализација на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”. Средбата се одржа во просториите на ЕСЕ, а на истата присуствуваа 13 претставници на Здружението ЕСЕ, Акција Здруженска, Младински Културен Центар – Битола, Женски Форум – Тетово, Организација на жени Струмица и ГИЖ Свети Николе. На средбата организациите дискутираа по однос на текот и предизвиците во спроведувањето на процесот на мапирање на заедницата и институциите, како и ја разгледуваа првичната верзија на прашалникот за оценување на задоволството, квалитетот, корисноста и достапноста на активните мерки за вработување. Исто така подетално се дискутираше во однос на финансиското и програмско работење и известување за реалиазација на поединечните грантови кои ги реализираат органиациите. Состанокот заврши со координација на наредни активности.  

Проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ се имплементира од Здружението за еманципација солидарност и еднаквост -ЕСЕ во партнерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска. Истиот е поддржан од ЕУ преку ИПА Инструментот за граѓанско општество и програма за медиумите 2015 – Поддршка за граѓанските организации во рамките на инструментот за акција во граѓанското општество 2015.

[envira-gallery id=”3587″]