Продолжен рок: Повик за целосна реконструкција на веб страната на Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска-Скопје www.zdruzenska.org.mk

Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска-Скопје во рамките на Проектот: „Жените го преземаат водството во локалните заедници“ поддржан од ЕУ и спроведуван во партнерство со The Kvinna till Kvinna Foundation и Хуманитарно Здружение „Мајка“ – Куманово, има потреба од редизајн и реконструкција на веб страната www.zdruezenska.org.mk во насока на модернизација и олеснат пристап до содржини.

Проектот има за цел да создаде услови за жените да учествуваат целосно и ефективно во развојот на еднакво и демократско општество во согласност со реформите поврзани со ЕУ преку зголемени капацитети на локалните женски организации и жените лидери во заедниците за целосно учество во процесите и на донесување политики и одлуки и реформите и преку подобрен пристап до можностите за застапување на локални и национално ниво.

Во апликацијата потребно е да се содржани следните документи:

1. Детален преглед на трошоците

2. Временска рамка на испораки

3. Портфолио на слични проекти

4. Вашиот пристап кон дизајнот и развојот

5. Опции за поддршка и одржување по лансирањето

Ве молиме вашата понуда да ја испратите најдоцна до 25.10.2024 по електронска пошта на: zdruzenska@t.mk

Повеќе за деталите на повикот можете да видите на следниот линк: