Четврта редовна средба на организациите вклучени во реализација на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”

На 18 мај 2018 година се одржа четвртата редовна средба на организациите вклучени во реализација на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”. Средбата се одржа во просториите на ЕСЕ, а на истата присуствуваа претставници на Здружението ЕСЕ, Акција Здруженска, Младински Културен Центар – Битола, Женски Форум – Тетово, Организација на жени на градот Струмица и ГИЖ Св. Николе. На средбата организациите дискутираа по однос начинот на внесување на податоците прибрани преку анкетните прашалници спроведени во домаќинствата во развиената електронска база за внесување и обработка на податоци.

Проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ се имплементира од Здружението за еманципација солидарност и еднаквост -ЕСЕ во партнерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска Скопје. Истиот е поддржан од ЕУ преку ИПА Инструментот за граѓанско општество и програма за медиумите 2015 – Поддршка за граѓанските организации во рамките на инструментот за акција во граѓанското општество 2015.

[envira-gallery id=”3749″]