ЕВАЛУАЦИЈА НА НАПРЕДОКОТ ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА КОНВЕНЦИЈАТА НА ОН ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА НА СИТЕ ФОРМИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ЖЕНАТА

Име на проектот: ЕВАЛУАЦИЈА НА НАПРЕДОКОТ ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА КОНВЕНЦИЈАТА НА ОН ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА НА СИТЕ ФОРМИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ЖЕНАТА (co-aplicant)

Времетраење: 01/11/2011 – 31/10/2012 Извор на финансирање: Центар за институционален развој имплементатор на Програмата CIVICA Mobilitas, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка

Цели: Проценка на напредокот во спроведувањето на препораките во областите на загриженост на Комитетот на ОН за Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жената и спроведување на правна анализа и процена на политиката за родова еднаквост, односно оценка на нивното почитување на стандардите наведени во Конвенцијата.

Резултати: Оценка на напредокот во спроведувањето на препораките во областите на загриженост содржани во Заклучните коментари на Комитетот на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жената; Оценет е напредокот во правната и фактичката усогласеност на законите/политиката со Конвенцијата; Подготвен е и објавен Периодичен извештај во сенка за Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жената со придонес на 12 НВО; Презентирано е Резиме на утврдените факти, клучните области на загриженост и препораките од Извештајот во сенка на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жената на Пред – сесијата на Работната група на Комитетот на Конвенцијата во Њујорк во партнерство со Здружението за еманципација, солодарности и еднаквост-ЕСЕ.