Форум „Ефективноста на постоечките практики на следење и оценка на напредокот во примената на специфичните политики за родова еднаквост во Р. Македонија: состојби и предизвици“

Здружението на граѓани Акција Здруженска на 21.12.2010 во хотел Холидеј Ин во Скопје одржа форум на тема „Ефективноста на постоечките практики на следење и оценка на напредокот во примената на специфичните политики за родова еднаквост во Р. Македонија: состојби и предизвици“

Целта на форумот беше да се разгледа прашањето на континуирано и систематско следење и оценување на процесите на спроведување на специфичните политики за родова еднаквост во РМ, како неопходен предуслов за нивна ефикасност и ефективност.

На форумот беа поканети претставници/чките од граѓански организации, надлежните владини институции и меѓународните организации/институции кои имаа прилика да разменат ставови, мислења и предлози за унапредување на процесите на следење, оценување и известување за напредокот во спроведувањето на политиките и ефектите од нив од аспект на:

Институционалните механизми за следење и координација на процесите на имплементација

Критериумите за следење и оценување на напредокот

Известувањето во однос на ефектите од спроведените политики

 

Фотогалерија: