Жените од Тработивиште ги истакнаа приоритетите и решенијата за подобра заедницa

На 3 ноември, Организацијата „Жена“ од Делчево одржа работилница со жени-активистки од село Тработивиште, на тема „Приоритети, проблеми и можни решенија за село Тработивиште“. Во отворена и инспиративна дискусија, жените ги идентификуваа главните предизвици со кои се соочуваат во заедницата и заеднички размислуваа и споделија конкретни чекори кон нивно решавање. Со оваа средба се заокружија […]

Акција Здруженска го сподели своето искуство во градење женско лидерство со учесничките на „Лидерската програма“ на Kvinna till Kvinna

Соња Хаџи-Николов од Акција Здруженска, се сретна со со учесничките на „Лидерската програма“ што ја спроведува канцеларијата на The Kvinna till Kvinna во Стокхолм, која е наменета за поддршка и развој на млади жени со миграциско потекло во Шведска. На средбата, таа ги запозна учесничките со долгогодишното искуство и експертизата на организацијата во градење женско […]

Платформата за родова еднаквост реагира на сексистичкото известување за случајот со студентката од Косово

Платформата за родова еднаквост, од која дел е и Акција Здруженска, изразува длабока загриженост за начинот на кој дел од медиумите известуваа за трагичниот случај со младата студентка од Косово, пронајдена мртва во Тетово на 5 ноември. Наместо професионално и одговорно известување, усогласено со етичките стандарди и родово-сензитивните принципи, сведоци сме на објави кои користат […]

Активистки од Струмица и Радовиш учеа како да влијаат врз јавните политики

Во организација на Акција Здруженска, The Kvinna till Kvinna Foundation и Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во Штип се одржа едукативна работилница со активистките од Организацијата на жени од Струмица (ОЖС) и Женска акција – Радовиш. Во фокусот на дводневната работилница беше унапредување на знаењата и вештините за јавно застапување и влијание врз јавните политики, […]

Жените од „Радика-Де“ и ГИЖ Свети Николе на работилница за национално делување

Жените од партнерските организации, Здружението „Радика-Де“ и Граѓанска иницијатива на жени – ГИЖ Свети Николе, во Скопје учествуваа на едукативна работилница за градење на капацитетите, во организација на Акција Здруженска, The Kvinna till Kvinna Foundation и Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово. На работилницата жените дискутираа за јавни политики, ги препознаваа институционалните празнини и потреби и […]

Катерина Селамовска на Летната школа „Жени, мир и безбедност 2025“

Катерина Селамовска од Акција Здруженска, беше избрана меѓу повеќе од 5.000 апликанти за учество на престижната Летна школа „Жени, мир и безбедност 2025“, што се одржа од 22 до 26 септември во Сараево, Босна и Херцеговина. Програмата, организирана од Универзитетот во Сараево – Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии, со поддршка на ОН, имаше […]

Марија Савовска на форумот MARUF x Forum of Women Mayors во Истанбул: Инвестирањето во жените значи подобар живот за сите

Извршната директорка на Акција Здруженска, Марија Савовска, се обрати на сесијата „Паметно финансирање за еднаквост: Напредување кон правични и инклузивни можности“, што се одржа на 2 октомври во Истанбул, во рамки на MARUF x Forum of Women Mayors in South-East Europe. Сесијата, организирана во соработка со NALAS и UN Women, беше фокусирана на тоа како […]

Идеи за подобар живот во Милино предложија жените од селото

Во организација на граѓанската иницијатива на жени – ГИЖ Свети Николе, во село Милино,  општина Лозово, на 28 јули се одржа работилница на жените од локалната заедница, на која тие имаа можност да се запознаат со достапните социо-еконоски мерки и можности за поддршка во руралните средини. Жените дискутираа за начините на пристап до поддршка на […]

Жителките на Разловци предлoжија решенија за предизвиците со кои се соочуваат

Кои се вистинските проблеми на жените во Разловци и кои се приоритетите што мора да се решат со поддршка од општината? На овие теми, на 7 август дискутираа жените од Разловци и ги анализираа секојдневните предизвици со кои се соочуваат. По анализата на предизвиците, тие истите ги претворија во конкретни предлози за локални политики: јасни, […]

Во Дорфулија претставени можностите за поддршка на жените

Женски активизам во Дорфулија

На 30 јули, претставнички на Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе, одржаа средба во село Дорфулија, општина Лозово, со жени од локалните женски кружоци. Жените од Дорфулија имаа можност да се запознаат со достапните социо-еконоски мерки и можности за поддршка во руралните средини. На средбата беше дискутирано за начините на пристап за поддршка на […]