Времетраење: 01 октомври 2024– 27 јануари 2025
Извори на финансирање: Проектот на УСАИД за медиумска писменост “Младите размислуваат”, што го спроведува ИРЕКС
Општа цел: Да ја искористи вештачката интелигенција (AI) за справување со дезинформации, малформации и антиродови наративи кои ја поткопуваат родовата еднаквост
Специфични цели на проектот:
- Развој на AI-чатботи: Креирање на чатботи со користење на технологии како што се обработка на природен јазик (NLP) и машинско учење, кои ќе можат да идентификуваат и справуваат со содржина која содржи дезинформации за родовата еднаквост.
- Интеграција на напредни технологии: Чатботите ќе се опремат со најсовремени технологии за да овозможат брзо и прецизно анализирање на текст, аудио и визуелни содржини.
- Мулти-стеикхолдерска соработка: Создавање платформа за соработка помеѓу граѓанските организации, технолошките компании и академските институции, со цел размена на податоци и знаења.
- Кампањи за свесност и едукација: Организирање едукативни активности и кампањи за развивање вештини за проверка на информациите и препознавање на дезинформации.
- Континуирана евалуација: Воведување механизми за следење и подобрување на чатботите врз основа на повратни информации од корисниците.