Времетраење: мај 2024 – февруари 2027
Извори на финансирања: Делегацијата на Европаската Унија, ко-финансиран од Шведска
Имплементатори: The Kvinna till Kvinna Foundation (носител) Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска (партнери) и Хумантарно здружение Мајка Куманово (партнер)
Општа цел: Создавање на услови за жените да учествуваат целосно и ефективно во развојот на еднакво и демократско општество во согласност со реформите поврзани со ЕУ.
Очекувани резултати:
- Зголемени капацитети на локалните женски организации и жените лидерки во заедниците за суштинско учество во процесите на развој и донесување одлуки за политиките и реформите, преку зајакнување на нивните знаења и вештини за истражување, мониторинг и анализа, развивање и следење на ефектите од стратегии за застапување засновано на докази и овозможување на размена на искуства и добри застапувачки пракси во функција на унапредување на родовата еднаквост
- Подобрен пристап на локалните женски организации и жените лидерки во заедниците до можностите за застапување на локално и особено на национално ниво, преку развој и директно застапување на предлози за политики засновани на докази пред локални и национални институции и јавни дебати и кампањи за промоција на женското лидерство, за тие да бидат препознаени како двигатели на демократски промени на локално и национално ниво.
За остварување на овие резултати, во рамките на проектот е обезбедена финансиска и техничка/менторска поддршка која е наменета за 7 локални женски организации (Здружение на граѓани ОЖ „Женско Лоби“-Демир Капија; Здружение Радика-Де Дебар; Граѓанска иницијатива на жени – ГИЖ Свети Николе; Асоцијација за унапредување на статусот на жените во Македонија „Женска Акција“ – Радовиш; Организација на жени – Струмица; Организација „Жена’ – Делчево и Здружение за рурален развој ЛАГ АГРО ЛИДЕР-Кривогаштани) кои се вклучени во програмите на АЗ за спроведување теренски стратегии за зајакнување на жени од маргинализирани заедници за граѓански јавен ангажман, нивна мобилизација и поддршка за вклучување во застапувачки акции пред локалните власти.