Здружени и решителни да ги подобрат условите за живот во својата заедница, активистките од Клисурско маало во Демир Капија успеаја да издејствуваат усвојување на четири од пет барања доставени до локалната самоуправа.
Со поддршка од организацијата „Женско лоби“, жените активно се вклучија во решавањето на проблемите во своето маало и придонесоа за реализација на повеќе проекти од интерес за локалното население.
Нивната приказна е пример за тоа како женската солидарност, здружувањето и активното граѓанско учество можат да донесат конкретни промени на локално ниво.
Приказната за активистките од Клисурско маало погледнете ја овде:





