Со здружен активизам до асфалтиран пат, нов бунар и пристапна рампа во Пеширово

Жените од селото Пеширово, преку заедничко делување и со поддршка од организацијата ГИЖ од Свети Николе, успеаја да издејствуваат решавање на неколку важни инфраструктурни проблеми во својата локална заедница.

Благодарение на нивната иницијативност и упорност, општината го асфалтираше патот до училиштето, беше изграден нов бунар со кој се обезбеди доволно техничка вода за жителите, а поставена е и пристапна рампа за учениците со попреченост.

Овие конкретни резултати покажуваат дека организираниот женски активизам и активното учество во локалните процеси на одлучување можат да придонесат за подобри услови за живот и поинклузивна заедница.

Приказната за жените од Пеширово и промените што ги постигнаа погледнете ја овде:

 

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.