Жените од Обршани и Кривогаштани активно придонесуваат во креирањето локални решенија

Во организација на Пелагона Прва, во текот на изминатата недела беше реализирана втората серија едукативни работилници со жени од селата Кривогаштани и Обршани, како дел од процесот за јакнење на локалниот женски активизам и поттикнување на поголемо учество на жените во заедницата. Преку интерактивна работа, практични примери и отворени дискусии, учесничките се запознаа со надлежностите и улогата на локалната самоуправа, како и со можностите за активно вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки.

Во рамки на работилниците, жените заеднички ги идентификуваа најзначајните предизвици со кои се соочуваат нивните заедници и разговараа за можни решенија. Како резултат на дискусиите, беа формулирани конкретни предлози и иницијативи кои ќе послужат како основа за понатамошни теренски консултации и застапување пред општина Кривогаштани.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.