Дали знаеш што точно работи твојата општина? Како се троши буџетот? И најважно – дали гласот на жените се слуша доволно во тие процеси?
Во рамки на иницијативата на ЛАГ Агро Лидер за јакнење на женското учество во локалната самоуправа за локално застапување, беше организирана едукативна сесија за жени од населено место Дебреште, Долнени.
Во фокусот беа надлежностите на општината и какви услови таа треба да обезбедува, потоа, кој е одговорен за патиштата, за образованието и социјална заштита, како и прашањето за буџетот на општината, односно каде одат јавните пари и како граѓаните можат да влијаат врз распределбата.
На едукативната сесија, беа дискутирани прашањата за граѓанско учество, односно, како жените можат да учествуваат во креирање на локалните политики, да поднесат иницијативи и да бидат гласни и активни.
Со јакнење на знаењата, ја јакнеме и женската моќ за промени! Време е жените да бидат рамноправни партнери во донесувањето одлуки што го засегаат секојдневието.
Активностите се дел од проектот „Жените го превземаат водството во локалните заедници” спроведуван од The Kvinna till Kvinna Foundation, Aкција Здруженска, Хуманитарното здружение Мајка од Куманово, а е финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од Амбасадата на Шведска во Скопје.





