На 15 декември во општина Свети Николе се одржа јавна расправа за буџетот за 2026 година, на која активно учествуваше Граѓанска иницијатива на жени – ГИЖ Свети Николе, заедно со жени од руралните средини, вклучувајќи ги селата Сопот, Горобинци, Пеширово, Црнилиште, Ерџелија и Мустафино.
Преку своето учество, жените ги истакнаа приоритетните проблеми и потреби во нивните заедници и побараа нивно решавање. Исто така, тие се запознаа со плановите на општината за 2026 година за селата од каде доаѓаат, што овозможи директен увид во начинот на кој ќе се распределуваат средствата и ресурсите.
Ова активно учество претставува значаен чекор кон поголемо вклучување на жените во креирањето на локални политики, застапување на гласот на руралните жени и транспарентно и одговорно носење на одлуки за локалниот буџет.
Од ГИЖ Св. Николе изјавија дека продолжуваат да ја зајакнуваме улогата на жените во процесите на креирање и донесување одлуки и се залагаат за развој на заедниците според реалните потреби на жените.





