Жителките на Гуѓанци учат како да ги мапираат потребите на својата заедница

Во Гуѓанци се одржа вториот ден од работилницата за инструктажа, наменета за жените од новоформираниот женски кружок од оваа локација. На работилницата се разговараше за техники и алатки за мапирање на потребите и проблемите во заедницата, со посебен фокус на изработката на мапи за истражување.

Преку практична работа и размена на искуства, жените од Гуѓанци продолжуваат да ги јакнат своите знаења и вештини за активно учество во истражувањето и застапувањето за потребите и приоритетите на својата заедница.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.