Барање за повлекување на предлог – законот за прекинување на бременоста

На 30 мај, 2013 На 30 мај, 2013 беа доставени барања до собраниските комисии за здравство и законодовно-правната комисија, како и до Министерствотот за здравство. Овие барање беа потпишани од 72 граѓански организации, групи и институции, како и од 26 поединци. Во ова барање се наведува дека Предлог-законот е неприфатлив, дека нема потреба од негово изгласување и дека не треба понатаму да се разгледува од Собранието на Република Македонија. Покрај тоа потписниците на барањето упатуваат на тоа дека обидот да се носи законот по скратена постапка е недемократски.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.