Теренски посети на локални организации

Во рамките на подготвителната фаза во имплементацијата на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската унија во рамките на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015, во текот на јуни и почетокот на јули 2017 година, Акција Здруженска со Здружението ЕСЕ посетија 11 организации од Битола, Струмица, Штип, Свети Николе, Куманово, Теарце, Тетово, Гостивар и Дебар. Посетите се реализирани со цел граѓанските организации да се запознаат со целите, активностите и очекуваните резултати од проектот и да се процени нивниот интерес за понатамошно вклучување во реализацијата на проектот. Во рамките на овие активности беа посетени НВО Мајка од Куманово, Граѓанска Иницијатива на Жените од Свети Николе, НВО Сфера, НВО МКЦ и НВО Клеа од Битола, ОЖ Струмица, НВО ЕХО од Штип, Радика ДЕ од Дебар, НВО ЦЕД од Теарце, НВО Форум на Жени од Тетово и Здружение за женски права Етика од Гостивар.

[envira-gallery id=”3617″]

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.