Кон поефикасно спроведување на Законот за еднакви можности на жените и мажите во Општина Битола

03 декември 2013

(во просториите на Општина Битола)

Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција
Здруженска во соработка со Женска граѓанска иницијатива „Клеа“ од Битола
организираа средба на тема: „ Кон поефикасно спроведување на Законот за
еднакви можности на жените и мажите во Општина Битола “ која се одржа
на 03 декември 2013 во просториите на Општина Битола.

Основната цел на средбата беше да се промовира и дистрибуира
Годишен планер за единицитe на локалната самоуправа, како едноставна
информативно – едукативна алатка чија основна функција е да им помогне на
општинските власти да ги интензивираат напорите поврзани со планирањето,
следењето, оценувањето и известувањето за активностите превземени за остварување
на целите на ЗЕМЖМ.

Во рамките на средбата беше споделена и информација за
резултатите од мониторингот на состојбата со спроведувањето на Законот за
еднакви можности на мажите и жените во периодот од една година од усвојувањето,
кои послужија како основа за подготовка на Планерот.

Ha средбата присуствуваа 30 учесници претставници од
различните структури на локалната самоуправа, и претсавници од граѓански
организации кои работат на полето на родовата еднаквост.