На покана на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) и Регионалната канцеларија на UN Women за Европа и Централна Азија (ECARO) Марија Савовска присуствува на Регионалниот преглед Пекинг+30, на 21-22 октомври 2024 година, во Женева, Швајцарија. Својот придонес како панелистка Марија ќе го даде на тркалезна маса на која ќе се разгледуваат приоритетите кои се однесуваат на Поттикнување финансирањето за родова еднаквост;
Марија Савовска денес на панелот „Поттикнување на финансирањето за родова еднаквост“ во рамки на Регионалниот преглед Пекинг+30 ( 21-22 октомври 2024 ), во Женева, истакна дека зајакнувањето на заедниците да бараат одговорност и да ги застапуваат нивните потреби се покажа како многу поефикасно отколку да се потпираат исклучиво на институционалните актери за спроведување на родово одговорното буџетирање. „Тоа е долгорочна стратегија, но создава одржливи и значајни промени.“-порача Марија.