Работилницa со Комисијата за еднакви можности при локалнaта самоуправа во Свети Николе

Здружението на граѓани Акција Здруженска во рамките на активностите насочени
кон интегрирањето на прашањето на родовата еднаквост во политиките и плановите
за развој на локалните заедници, организираше работилница со преставници/чки на
општинита на Свети Николе.

На средбата беа истакнати законските обврски на Комисиите за еднакви можности
кои произлегуваат од Законот за еднакви можности на мажите и жените како и
казнените одредби кои следуваат за нивно неисполнување.

Потоа беа презентирани 7-те клучни претпоставки за интегрирање на родовата
еднаквост во политиките, а советниците ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат
во секојдневната работа во рамките на КЕМ и ЕЛС, и беа дадени инструкциите за
тоа како треба да функционира Комисијата.