Работилници со Комисиите за еднакви можности при локалните самоуправи во Градско, Лозово и Дебар

Здружението на граѓани Акција Здруженска во рамките на активностите насочени
кон интегрирањето на прашањето на родовата еднаквост во политиките и плановите
за развој на локалните заедници, на 10 и 14 ноември организираше работилници со преставници/чки на
општините на Градско, Лозово и Дебар.

На средбата беа истакнати законските обврски на Комисиите за еднакви можности
кои произлегуваат од Законот за еднакви можности на мажите и жените како и
казнените одредби кои следуваат за нивно неисполнување.

Потоа беа презентирани 7-те клучни претпоставки за интегрирање на родовата
еднаквост во политиките, а советниците ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат
во секојдневната работа во рамките на КЕМ и ЕЛС, и беа дадени инструкциите за
тоа како треба да функционираат Комисиите.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.