Работна средба за унифицирање на кривично-правниот систем за справување со семeјното насилство во Р. Македонија

Здружението на граѓани „Акција Здруженска” и Здружението за еманципација,
солидарност и еднаквост на жените на Р.Македонија – ЕСЕ, од 06-07.02.2007 година
во Скопје, организираат Трета работна средба за претставници од Министерство за
внатрешни работи, јавни обвинители и кривични судии.

Ова е трета од трите работни средби, предвидени со проектот “Воспоставување
унифицирани и позитивни практики за справување со семејното насилство во
Македонија”, како дел од активностите во насока на унифицирање на
кривично-правниот систем.

На средбата ќе се разгледува сексуалниот облик на насилство и неговата
законска уреденост.

Фотогалерија