Времетраење: 01/01/2021 – 31/03/2025
Извор на финансирање: Kvinna Till Kvinna Foundation
Општа цел: Да се зголеми влијанието на жените врз планирањето на политиките и процесот на донесувањето одлуки
Специфични цели:
- Поддршка на одржливоста на теренскиот пристап за зајакнување на жените од заедницата за самостојно, организирано застапување на нивните права и потреби кај институциите како редовна програмска рамка на локалните организации, без оглед на тематските области на нивно дејствување (граѓанско учество, економски статус, насилство и сл.);
- Понатамошен развој на организациските капацитети на локалните женски организации, преку поддршка за практична примена на внатрешните процедури развиени во рамки на претходна поддршка од АЗ; премин од проектно кон програмско планирање и буџетирање; обезбедување континуитет во работењето и ефикасно користење на ресурсите од АЗ и оние добиени од други извори заради постигнување промени во локалната заедница;
- Градење хоризонтални алијанси помеѓу женските организации и жените од заедниците за размена и соработка, меѓусебна поддршка и солидарно застапување на женското граѓанско учество и на родово одговорни политки и буџети кај институциите на локално и национално ниво.
- Kонтинуиран мониторинг и собрани податоци за напредокот во спроведувањето на законските обврски за родова еднаквост во однос на воведувањето на родовата перспектива во сите општествени текови со примарен фокус на ефикасноста во имплементацијата на највениот новиот Закон за родова еднаквост.
Очекувани резултати:
- Зајакнат капацитет за застапување на 6 локални женски организации (Здружение Радика-Де Дебар, Граѓанска иницијатива на жени – ГИЖ Свети Николе, Хуманитарно здружение „Мајка“ – Куманово, Асоцијација за унапредување на статусот на жените во Македонија „Женска Акција“ – Радовиш, Организација на жени – Струмица и Здружение на граѓани ОЖ „Женско Лоби“- Демир Капија).
- Зајакнат придонес со предлози на политики за застапување во националната дебата за приоритетите за родова еднаквост и воведување на родовата перспектива во клучни области на политки.