Фонд „Зелена искра“

Времетраење:

01.12.2026 – 01.09.2027

 

Извор на финансирање:

Филантропија

 

Носители на програмата:

Акција Здруженска (Северна Македонија), Екуменска иницијатива на жени (Хрватска) и Реконструкција Женски фонд (Србија)

 

Општа цел:

Придонес кон еколошка правда преку градење синергии за обезбедување флексибилно и достапно финансирање за женски организации со цел развој и спроведување на иницијативи

 

Специфични цели:

  • Поддршка на локален активизам преку грантирање
  • Поддршка на организациски развој и личен развој на активистките
  • Фасилитирање на вмрежување, соработка и заедничко дејствување
  • Јакнење на капацитети за застапување за еколошки прашања

 

Очекувани резултати:

  • Иницијативите водени од жени директно одговараат на предизвици во областа на животната средина на локално ниво
  • Локално иницираните акции за мобилизација и застапување ја поттикнуваат моќта на одлучување, градат кредибилитет и доверба кај јавноста и инспирираат за поголемо учество

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.