АКТИВНИ ЖЕНИ ОТЧЕТНИ ВЛАСТИ

Времетраење: 01/05– 31/12/2018

Извор на финансирање: Фондација Жена за жена/Kvinna Till Kvinna

Општа цел: Да се зголеми влијанието на жените во процесите на планирање и донесување на одлуки

Резултати: Зајакнати жени за активно учество во процесите на планирање и донесување на одлуки на локално ниво; Зајакнати капацитети на локалните женски организации за граѓанска мобилизација на жените од заедницата и застапување на нивните интереси кај локалните власти и Мониторинг и проценка на ефикасноста во спроведување на законските и политичките обврски за унапредување на родовата еднаквост врз Парламентот, Владата и локалната самоуправа во функција на национално и локално застапување