ЕФЕКТИВЕН ОДГОВОР НА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ ОД СТРАНА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА

Име на проектот: ЕФЕКТИВЕН ОДГОВОР НА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ ОД СТРАНА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА    

Времетраење: 01/01/2010 – 31/03/2011 Извор на финансирање: The Balkan Trust for Democracy и Фондација Отворено општество Македонија

Цели: Зголемување на нивото на информирање и разбирање на клучните актери во локалната власт за природата, целта и одговорностите кои произлегуваат од Законот за еднакви можности на жените и мажите; Зајакнување на капацитетите на локалните женски групи за следење на практичната имплементација на Законот за еднакви можности на жените и мажите; Развивање на инструмент за континуирано оценување на напредокот во спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите.

Резултати: Зајакнати се знаењето и вештините за мониторинг на 11 НВО од пет општини; Подготвени се и промовирани 7 извештаи од следењето на имплементацијата на Законот за еднакви можности на жените и мажите во 7 општини (Битола, Дебар, Куманово, Свети Николе, Липково, Старо Нагоричане и Тетово).