ИНИЦИЈАТИВИ НА ЛОКАЛНИТЕ ЖЕНИ ЗА РАЗВИВАЊЕ И ПОДДРШКА НА ПРОГРАМИ

Име на проектот: ИНИЦИЈАТИВИ НА ЛОКАЛНИТЕ ЖЕНИ ЗА РАЗВИВАЊЕ И ПОДДРШКА НА ПРОГРАМИ

Времетраење: 2005-2006 Извор на финансирање: ФООМ и IWP New York

Локални женски иницијативи за развивање и поддршка на програми беше развиена како пилот иницијатива со цел да ги мобилизира и поддржи локалните активистки да станат активен партнер во развојот на локалните политики

Цели: Зајакнување на женските групи надвор од Скопје и поттикнување на нивната соработка и вмрежување и зголемување на родовата свесност на други релевантни актери во заедницата (НВО, претставниците на локалната власт, јавните институции, и пошироката јавност) и интензивирање на дијалогот и соработката за родовите прашања помеѓу женските групи и останатите актери во заедницата.

Резултати: Групите дојдоа до заеднички договор за потребата од иницирање на процес за развој и усвојување на стратегии и акциони планови за родова еднаквост од страна на локалната власт како заеднички приоритет во секоја општина. Покрај тоа, групите договорија и клучни заеднички чекори и специфични акциони планови на стратегиите за застапување. Беа оценети и потребите за понатамошно градење на нивните капацитети; Врз основа на унифицирана методологија, групите беа инволвирани во собирање на податоци од секоја од општините (статистички податоци, програми и проекти и под-законски акти на локалната власт). Врз основа на тие податоци, објавени се родови анализи на локалните политики за 5 ЕЛС, утврдени како приоритетен заеднички чекор: Битола, Велес, Свети Николе, Куманово и Дебар. Фокус областите на анализите опфатија: локална власт, политички живот, економија, образование, социјален живот, здравство и култура. Прашањата на управувањето и пристапот до процесот на донесување на одлуки ќе бидат во основата на анализата.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.