Институционална поддршка

Времетраење: 01/07/2015 – 01/07/2016 Извор на финансирање: Глобален фонд за жени

Целта е да се поддржи спроведувањето на програмските активности на Акција Здруженска за 2015/2016 кои имаат за цел: Зајакнување и поддршка на младите жени како идни компетентни и влијателни активисти преку нивна обука и практично искуство (вклученост во планирањето и реализацијата на активности за следење, застапување и кампањи); Спречување на идна маргинализација на прашањата поврзани за родовата еднаквост и правата на жените преку оддржување на јавна дебата која ќе се темели на прибраните и анализирани релевантни податоци за јазот помеѓу намерите на усвоените закони и политики за родова еднаквост и напорите и ресурсите за нивна практична примена, како и потребите изразени од самите жени; Зголемување на надлежностите на институционалните актери (особено машинеријата и администрацијата за родова еднаквост) за спроведување на обврските од политиките за родова еднаквост преку развивање и застапување на практични алатки за имплементација и обука; и Зајакнување на организациските капацитети на Акција Здруженска.