Име на проектот: Кампања „Не наседнувам!”
Времетраење: 2009 Извор на финансирање: Фондација Отворено општество Македонија
Кампањата беше развиена со цел да обезбедува континуирана реакција на трендот на засилено промовирање на патријархалните норми и вредности, родовите стереотипи и национализмот од страна на македонската влада, агресивните обиди на верските институции и заедници да извршат свое влијание врз различни владини политики, како и на најекстремните случаи на мизогинија и говор на омраза насочен против жените во медиумите.
Специфични цели на кампањата: Да се истакнат манипулацијата и непочитувањето на правата на жените кои се во основата на различни владини кампањи, законски измени и политики; Да се промовира активно граѓанство и да се поттикне граѓанското општество да се спротивстави на дискриминаторските политики и агресивното промовирање на традиционалните родови улоги. Кампањата се состои од следниот пакет на активности: Писма/реакции до медиумите, и секогаш кога е тоа можно, учество во ТВ дебати и обезбедување на изјави за пишаните медиуми; Подготовка и дистрибуција на промотивни материјали кои содржат различни клучни пораки за прашања поврзани со репродуктивните или сексуалните права, стереотипите и ограничените избори кои им се наметнуваат на жените; Заради ограничените ресурси, со исклучок на „традиционалните“ материјали, како што се постери и летоци, пораките се печатат на женска долна облека, торби за купување, престилки, маици, дистрибуирани при различни настани организирани во рамките на кампањата; Изработка на петиција која содржи препораки насочени кон сите нивоа на власта (Собранието на РМ, вклучувајќи ги релевантните комисии, Владата, соодветните министерства, и собирање на потписи во главниот град и локално (во 6 градови) во соработка со други НВО активистки и волонтери поединци; Организирање на настани (протести, уметнички изведби, семинари, итн.); Креирање на веб страница „Не наседнувам”(http://www.nenasednuvam.org/) која ги содржи пораките формулирани во текот на кампањата, како и текстот на релевантните реакции на НВО и поединци, различни видови на текстови и печатени статии во весници; Снимање и дистрибуирање на фотографии и видео клипови од настани до сите достапни медиуми, вклучувајќи и интернет. |