МЕЃУГРАНИЧНА ЕДНАКВОСТ И РОДОВО ИНТЕГРИРАЊЕ

Времетраење: 24/11/2014 – 24/11/2016

Извор на финансирање: ИПА на ЕУ за прекугранична соработка со Косово

Цели: Воспоставување на прекугранична мрежа на женски организации кои се активни на планот на родовата интеграција на локално и регионално ниво.

Специфичните цели на акцијата вклучуваат: Зајакнување на локалните НВО за унапредување на примената на пристапот за интеграција на родова еднаквост; Зголемување на организациските капацитети на локалните женски организации во регионот во кој се спроведува проектот; Техничка поддршка на нивната мониторинг улога; Подобрено медиумско покривање на теми поврзани со жените на локално и национално ниво.

Очекувани резултати: Зајакнати капацитети на женските организации во проектниот регион; Квалитативно подобрување на податоците и нивна ефективна дистрибуција; Олеснета размена на искуства и прекугранично вмрежување со цел да се решат заедничките проблеми; Изработка на практични алатки за секојдневните активности, како што се прирачникот за родови политики на ниво на ЕУ и нивна примена во иницијативите за застапување на централно и локално ниво. На долгорочен план, оваа активност се очекува да ја зацврсти агендата за женските права во Косово и во Македонија и да ги намали разликите во капацитетите меѓу централните и периферните организации.