МЕРЕЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ОД СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Име на проектот: МЕРЕЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ОД СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Времетраење: 2008 Извор на финансирање: УНИФЕМ преку имплементаторот Институт за истражување на економските политики

Акција Здруженска во соработка со Институтот за истражување на економските политики, беше инволвирана во процесот на имплементација на проектот Мерење на трошоците од семејното насилство против жените во Република Македонија, финансирано од УНИФЕМ.

 

Цел: Проценка на приближните трошоци од семејното насилство против жените во 2006 година, во која ќе биде нагласена не само социјалната, туку и финансиската димензија на овој проблем на заедницата. Проектот беше фокусиран на мерење на трошоците од семејното насилство кои ги плаќа заедницата преку здравствениот, социјалниот, полицискиот и судскиот систем, како и трошоците на жртвите и невладините организации кои работат на овој проблем.