Име на проектот: ОБУКА ЗА ОБУЧУВАЧИ НА МАЛДИ РОМКИ АКТИВИСТКИ
Времетраење: 2008 Извор на финансирање: ФООМ
Цел: Развивање на базен на неколку млади Ромки, обучени да пренесуваат специфични знаења и вештини за застапување на ромските женски права во Македонија.
Резултати: По завршувањето на обуката за обучувачи, 7 учесници се здобија со знаење за: Разбирање на процесот и специфичните контексти на развивање на родов идентитет и социјални улоги; Разбирање на позицијата на жените во општеството со посебен акцент на жените Ромки; Знаење за преговарање и застапување за родови прашања во ромскиот граѓански сектор и владините институции; Вештини за структурирање и реализација на обука на теми во согласност со потребите на учесниците. |