ОТЧЕТЕН ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ОДГОВОР – ПРЕТПОСТАВКА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

Времетраење: 01/09/2012 – 30/09/2013 Извор на финансирање: Фондацијата Отворено општество – Македонија имплементатор на Проектот на УСАИД за граѓанско општество

Цели: Обезбедување на релевантни информации за нивото на имплементација на Законот за еднакви можности на жените и мажите во текот на првата година по неговото усвојување; Изработка на насоки за систематско следење, оценување и известување за напредокот и резултатите од спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите;Информирање на пошироката јавност за проблемите во однос на родовата нееднаквост и нееднаквиот статус на жените и и начините на кои институциите ги исполнуваат обврските за нивно решавање.

Резултати: Направена е иницијална проценка на напредокот постигнат од 25 јавни институции, 85 општини и Градот Скопје од спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите (2012-2013); Наодите и препораките се објавени и дистрибуирани во формат на куси резимирани извештаи (1000 примероци на македонски и албански јазик); Зајакната е дебатата за потребата од развивање на стандардизирани критериуми за континуирано следење, оценување и известување за активностите кои се преземаат за постигнување на целта на Законотза еднакви можности на жените и мажите кај релевантните учесници; Промовирани се креативен комуникациски алатки за поголемо присуство на прашањата на родовата еднаквост во јавноста кој се состои од информативна кампања за обележување на МЕСЕЦОТ на женските права.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.