ПОТТИКНУВАЊЕ НА КУЛТУРА НА ЛОКАЛНА ФИЛАНТРОПИЈА ПРЕКУ ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИ ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ

Времетраење: 01 септември 2023 – 31 август 2024
Извор на финансирање: Global Fund for Community Foundation (GFCF)

Цели на проектот:

  • Да се поддржи автономниот јавен ангажман на руралните жени со ресурси и практични знаења за планирање и спроведување на партиципативни граѓанските иницијативи во заедницата.
  • Да се развие и размени ефикасен модел фокусиран на заедницата за промовирање на локалната култура на филантропија врз основа на граѓански акции за мобилизација на локалните ресурси во корист на приоритетните потреби на жените.
  • Да воспостави соработка и размена со релевантни национални и меѓународни организации/мрежи кои даваат грантови за застапување на промените во практиките за помош во развојот.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.