ПРОЦЕНКА НА ПРИСУСТВОТО НА РОДОТ ВО БУЏЕТСКОТО ПЛАНИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Времетраење: 01/01/2013 – 31/12/2013 Извор на финансирање:  Центар за институционален развој – ЦИРа, имплементатор на Програмата CIVICA Mobilitas финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка

Цели: Застапување на поголемо присуство на родовите прашања во процесите на планирање и буџетирање на активностите на институциите на централно и локално ниво.

Резултати: Обезбедени се релевантни јавни информации за обемот и карактерот на активностите кои се преземаат со цел да се постигнат резултатите планирани во рамките на Стратегијата за родово одговорно буџетирање на централно ниво и општина Битола; Изработени се препораки за унапредување на процесите за планирање и буџетирање на централно и локално ниво; и Иницирана е дебата помеѓу НВО секторот и институциите за потребата од зголемено родово присуство во буџетските процеси.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.