РАЗВОЈ НА СТРАТЕГИИ ЗА ЗГОЛЕМЕНО УЧЕСТВО НА ЖЕНИТЕ НА ЛОКАЛНО НИВО

Времетраење: Декември 2016 – Јуни 2017 Извор на финасирање: UN WOMEN

Спроведувачи: Конзорциум помеѓу Консалтинг за стратешки развој Скопје и Акција Здруженска Скопје

Општата цел: Да се развијат стратегии односно пилот модели за поголема мобилизација на жените, како и зајакнување на нивните капацитети за да ги артикулираат нивните потреби и приоритети во процесите на креирање на политики и донесување на одлуки на локално ниво.

Очекувани резултати: Зајакнати капацитети на локални НВО за идентификување и имплементирање  активности за поголемо вклучување на жените во донесувањето на јавните политики на локално ниво; Идентификувани потреби и потенцијали за граѓанско учество кај жените од локалните заедници;  Локални жени од 10 општини директно вклучени во теренски активности насочени кон информирање, едукација и мобилизација за застапување; НВОи подготвени за користење на практична алатка (стратегија) за работа со жени во локалните заедници и сензибилизирани корисници на социјални медиуми на темата за учество на жените во процесот на донесување одлуки на локално ниво.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.